Краткиот филм „Северен пол” на Марија Апчевска-Петровска на 25 април ќе се прикаже во Музејот на модерна уметност (МоМА) во Њујорк, што ќе биде негова американска премиера. Филмот ќе биде дел од 51. издание на фестивалот New Directors/New Films, кој се одржува од 20 април до 1 мај.
Првиот македонски филм што влезе во официјална конкуренција за Златна палма во Кан досега учествуваше на повеќе од 40 фестивали и освои неколку награди, како и номинација за Европските филмски награди.
Во продукција на „Кино око“, главните улоги во филмот ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев.