Дваесет и третото издание на Скопје филм фестивал ќе почне в среда, откако поради коронакризата беше преместен од април. Програмите од 9 до 16 септември ќе се одржуваат на отворено во паркот на Кинотеката со ограничен број седишта и со примена на сите мерки од протоколот за здравствена заштита. Сите проекции се бесплатни.
Отворањето е со австралиско-британскот филм „Вистинската историја на бандата Кели“, а потоа следи проекција на „Џулиета од духовите“, првиот филм од ретроспективата на Федерико Фелини.
„Оваа година програмата ја прилагодивме на условите. Од придружните програми ги издвојувам изложбата на Зоран Кардула и големата ретроспектива по повод 100 години од раѓањето Федерико Фелини“, вели Татјана Јаневска, директорката на фестивалот.
Ќе се прикажат повеќе од 20 играни и документарни филмови поделени во три програми.