СЦЕНАРИСТИТЕ НА „ИГРА НА ТРОНОВИ“ ЈА НАПУШТИЈА ТРИЛОГИЈАТА „ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ“

Њујорк, (Би-Би-Си)

Сценаристите на ТВ-серијата „Игра на тронови“ Дејвид Бениоф и Д. Б. Вајс излегоа од трилогијата „Војна на ѕвездите“ на „Дизни“, која треба да стартува во 2022. Веста доаѓа откако сценаристите потпишаа ексклузивни договори со „Нетфликс“.

„Има толку многу часови во денот и не можеме да бидеме правични и кон ‘Војна на ѕвездите’ и кон нашите проекти во ‘Нетфликс’. Фактот дека имавме шанса да разговараме да работиме на ‘Војна на ѕвездите’ беше животна шанса. Ние сме големи обожаватели на ‘Војна на ѕвездите’. Кога Џорџ Лукас нив ги создаде, нѐ создаде и нас“, велат тие во заедничката изјава.

Претседателката на „Лукасфилм“ Кејтлин Кенеди рече дека Бениоф и Вајс се неверојатни сценаристи и дека вратата за нив секогаш ќе биде отворена.

„Дизни“ најави дека филмовите треба да излезат во 2022, 2024 и 2026.