ТАИКА ВАИТИТИ ЌЕ ПРАВИ НОВ ФИЛМ „ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ“

Лос Анџелес, (АП)

Оскаровецот Таика Ваитити ќе биде режисер и сценарист на нов филм од серијалот „Војна на ѕвездите“.

Ваитити, кој оваа година го освои Оскарот за најдобро адаптирано сценарио за „Зајакот Џоџо“, исто така го прави новиот, четврти филм за Тор, кој треба да излезе во 2022 година. Новозеландскиот филмаџија веќе влезе во универзумот на „Војна на ѕвездите“, откако го режираше финалето на првата сезона на спиноф серијата „Мандалорецот“.

Засега нема никакви детали за филмот што ќе го прави Ваитити, освен најавите дека е планиран за 2024 година. Тој ќе го пишува сценариото заедно со Кристи Вилсон-Кернс, која пак беше номинирана за Оскар за најдобро сценарио за воената драма „1917“.

Рајан Џонсон, режисерот на „Последниот Џедај“, развиваше трилогија „Војна на ѕвездите“, чиј статус моментално е непознат.