Новозеландскиот филмаџија Таика Ваитити се враќа во универзумот на „Марвел“ како режисер и сценарист на „Тор 4“.
Тој ќе се обиде да го повтори големиот успех на „Тор: Рагнарок“ (2017), кој го однесе ликот на Крис Хемсворт во поинаква, комична насока и е најдобро оценет филм од оваа франшиза. Ваитити исто така се појави како вонземскиот гладијатор Корг во „Тор: Рагнарок“ и во „Одмаздници: завршница“.
Првите два филма за Тор беа режирани од Кенет Брана и Алан Тејлор, но Ваитити му даде еден нов живот на овој лик.
Засега нема други детали за „Тор 4“, ниту кога ќе излезе.