ТОМ КРУЗ САКА ДА СНИМА ПРОДОЛЖЕНИЕ НА ФИЛМОТ „ДЕНОВИ НА ГРМОТЕВИЦАТА“

САД, (Си-Ен-Ен)

По успехот на акциониот блокбастер „Топ ган“ Том Круз планира да направи продолжение на уште една акциона класика на која работеше со студиото „Парамонт“.

Ѕвездата од „Невозможна мисија“ е заинтересирана за продолжение на спортскиот хит од 1990, „Денови на грмотевицата“ кој го режираше Тони Скот, покојниот брат на Ридли Скот и режисер на оригиналниот „Топ ган“ .

Во филмот, Круз го играше младиот возач на Формула 1, Кол Трикл, кој е регрутиран во тркачки тим.
Главните улоги во филмот ги толкуваа Круз, Никол Кидман, Роберт Дувал и Ренди Квејд, а во споредните улоги се појавија Расти Валас, Нил Бонет и Хари Гант. Поранешните сопружници Круз и Кидман се запознаа за време на снимањето, а се венчаа неколку месеци по премиерата на филмот.

Круз ќе го гледаме следната година во најновиот дел од „Невозможна мисија“ чија премиера ќе биде на 23 мај.