ТОР СТАНА ЖЕНСКО ВО СТРИПОТ, А СЕГА И НА ФИЛМ

Сан Диего, (Гардијан)

Режисерот Таика Ваитити ѝ го предаде чеканот на Тор на Натали Портман на фестивалот „Комик-Кон“ во Сан Диего, потврдувајќи дека овој лик ќе стане женско во следниот филм „Тор: Љубов и грмотевица“, што тој ќе го прави.

Досегашниот Тор, Крис Хемсворт, и Теса Томпсон исто така ќе се појават во овој филм, додека Портман ќе ја репризира улогата на д-р Џејн Портман, која дебитираше во оригиналниот филм од 2011 година.

Фановите не треба да бидат изненадени од оваа промена на полот, бидејќи новиот филм ќе ја следи приказната која во стрипот трае од 2014 година, кадешто Тор ги губи своите способности и Џејн Фостер ги презема неговите моќи и магичниот чекан Мјолнир.

На крајот на „Одмаздници: завршница“, Тор (Хемсворт) се откажува од улогата водач на Асгард и му се придружува на тимот на Чувари на галаксијата.

„Тор: Љубов и грмотевица“ ќе биде четврти филм од оваа франшиза и втор што го режира Ваитити.