ЦРВЕН КИЛИМ СО ВЕСЕЛИ БОИ НА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА САГ-НАГРАДИТЕ

Лос Анџелес, (Венити фер)

Црните фустани од неодамнешните Златни глобуси беа заменети со креации во живи бои на синоќешното доделување на наградите на Здружението на филмски актери (САГ).

Кристен Бел во фустан од „Џ. Мендел“

Црвениот килим на Златните глобуси на почетокот на месецов беше претворен во парада во црно, во знак на поддршка на кампањата против сексуалното малтретирање на работно место, „Времето истече“.

Рис Витерспун во модел на „Зак Позен“

Синоќа, Алисон Џени, Кристен Бел и многу други актeрки покажаа дека можат да владеат со кој било црвен килим, без оглед на кодексот на облекување.

Австралиската актерка Марго Роби во креација на „Миу Миу“

„Три билборди пред Ебинг, Мисури“ е прогласен за филм на годината, а меѓу добитниците на наградите беа и: Гери Олдман (најдобар актер за улогата во „Најтемниот час“), Френсис Мекдорманд (најдобра актерка во „Три билборди пред Ебинг, Мисури“), Сем Роквел (најдобра споредна улога за „Мисури“) и Алисон Џени (најдобра споредна улога за „Јас, Тонја“). Морган Фримен доби награда за животно дело.

Хали Бери во креација на „Памела Роланд“
Алисон Џени беше прогласена за најдобра актерка во споредна улога за „Јас, Тонја“.