ВИН ДИЗЕЛ ВЛЕГУВА ВО „АВАТАР“

Лос Анџелес, (Индипендент)

Ѕвездата на „Брзи и бесни“, Вин Дизел, преку заедничка фотографија со режисерот Џејмс Камерон на Инстаграм објави дека ќе глуми во барем еден од четирите најавени продолженија на „Аватар“. Дизел им се приклучува на Сем Вортингтон, Кејт Винслет, Сигурни Вивер и Зои Салдана.

Камерон претходно го најави неговото враќање во светот на Пандора „со досега невидени делови“, кои главно ќе се снимаат под вода. Медиумите објавија дека Винслет подготвувајќи се за улогата, вежбала да го задржи здивот во вода седум минути. Најголем дел од подводните сцени ќе бидат во следните два филма. Четвртиот и петтиот дел ќе излезат во 2024 и 2025.

Вториот дел на „Аватар“ е најавен за следната година.