Еден брачен пар во Германија, кој сакаше на своето новороденче да му даде име Луцифер, бeше спречен од германските судски власти.
Родителите од градот Касел ги поднеле документите за именување на нивниот син, меѓутоа во канцеларијата за регистрации одбиле да потпишат и ги упатиле кон судот.
Судскиот портпарол изјави за еден локален весник дека по судската интервенција, семејството одлучило да го крсти детето Луцијан.
Во Германија, откако родителите ќе го одберат името на бебето, властите можат да интервенираат, доколку сметаат дека тоа може да го загрози детето да стане предмет на потсмев, посрамување или навредливи имиња.
Иако гледано од етимолошки аспект името значи “носител на светлина“, Луцифер е општо познат како конотација на ѓаволот и злото. Името е забрането во некои држави, вклучувајќи го Нов Зеланд.