ГРКОТ АДЕТОКУНБО ГО ПОТПИША НАЈБОГАТИОТ ДОГОВОР ВО ИСТОРИЈАТА НА НБА ОД 228,2 МИЛИОНА ДОЛАРИ

Милвоки, (Би-Би-Си)

Грчкиот кошаркар Јанис Адетокунбо го потпиша најбогатиот договор во историјата на НБА лигата, продолжувајќи ја верноста кон Милвоки Бакс за 228,2 милиона долари. Дваесет и шестгодишниот Адетокунбо, кој две сезони по ред е прогласуван за најдобар играч во лигата, се согласи на нов петгодишен договор.

„Ова е мој дом, ова е мој град. Благословен сум што ќе бидам дел од Милвоки Бакс уште пет години. Шоуто продолжува“, изјави Адетокунбо.

Неговиот менаџер ја потврди вредноста на договорот, со кој беше урнат рекордот на Џејмс Харден од 2017 година, кога потпиша за Хјустон Рокетс за 228 милиони долари.

Адетокунбо, чии родители се Нигеријци, дебитираше во НБА во 2013 година, откако Милвоки го избра како 15. пик на драфтот. Иако е роден во Атина, тој дури во 2013 доби грчко државјанство и следната година почна да настапува за грчката репрезентација.