ХЕЈЛИ И ЏАСТИН БИБЕР ГО ЧЕКААТ ПРВОТО ДЕТЕ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Поп-пејачот Џастин Бибер го чека првото дете со сопругата Хејли. Триесетгодишниот пејач и познатата манекенка (27) ја објавија веста преку видео и фотографии на социјалните мрежи.

Двојката се венча на тајна церемонија во Њујорк во 2018.

Нивниот портпарол потврди дека Хејли е во шестиот месец од бременоста. Таа е ќерка на актерот Стивен Болдвин, манекенка и основачка на козметичка линија за нега на лицето.

(Фото: Гети)