Хрватските тенисери ќе играат едни против други во финалето на турнирот на двојки на Олимписките игри во Токио, што не е забележано од 1908 година, кога британски двојки ги освоиле сите медали.
Никола Мектиќ и Мате Павиќ, кои неодамна триумфираа на Вимблдон, во второто полуфинале ја совладаа американската двојка Краичек/Сандгрен со 6:4, 6:4 и со тоа го обезбедија сехрватското финале во Токио. Тие ќе се борат за златото против Марин Чилиќ и Иван Додиг, кои ретко во кариерата играле заедно.
Финалето е утре, но без разлика на исходот, на Хрватска ќе ѝ донесе уште два медала. Хрватска досега има освоено три олимписки медали во тенисот, сите бронзи.