Меган Маркл објави на Инстаграм снимки од снимањето на нејзиното ново шоу на „Нетфликс“, насловено „Со љубов, Меган“. Краткото видео ја прикажува Меган во Монтесито, Калифорнија, со нејзината екипа и гостинските ѕвезди. Војвотката може да се види како танцува во кујната и како се занимава со пчеларство, а се појавува и принцот Хари.

„Уште шест дена до почетокот на нашата емисија на ‘Нетфликс‘. Во чест на екипата и на сите кои помогнаа да се случи ова! Одбројувањето започнува“, напиша таа на Инстаграм.
„Со љубов, Меган“, што ќе има осум епизоди, ќе почне да се прикажува на 4 март, два месеца по првичниот датум на премиерата. Меган ја одложи премиерата во јануари поради шумските пожари што го опустошија Лос Анџелес.