ИМОТОТ „НЕДОЈДИЈА“ НА МАЈКЛ ЏЕКСОН ВРЕДЕШЕ 100 МИЛИОНИ, А СЕ ПРОДАДЕ ЗА 22 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Инвестирот и поранашен пријател на поп ѕвездата Мајкл Џексон, Рон Букл го купи неговиот имот „Недојдија“ во Калифорнија. За имотот платил 22 милиони долари, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на јавните записи и изјавите на три лица кои биле запознаени со договорот.

Џексон почина во 2009, а ранчот од 1.100 хектари беше огласен за продажба во 2015 за 100 милиони долари.

Откако беше ставен на продажба цената на „Недојдија“ сѐ повеќе се намалуваше, а минатата година неговата вредност беше намалена за 69 милиони долари.

Џексон го купил имотот во екот на неговата слава во 1987 за 19,5 милиони долари, а името го доби по измислениот остров во приказната за Петар Пан. Името „Neverland “ значи место каде што децата никогаш не растат.

Поради тоа Џексон го претвори ранчот во забавен детски комплекс, градејќи Зоолошка градина и Луна-парк, каде што редовно ги забавуваше децата и нивните семејства.

Во 1990-те и 2000-те години, „Недојдија“ стана центар на разни истраги во врска со обвиненија за сексуални напади врз деца.