Вечерва во 19 часот, во уметничкиот центар „Арт хаб“ во Скопје (ГТЦ, 2. спрат) ќе се отвори изложбата „ДЛУМ нова генерација на млади“, што ја организира Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).
На изложбата со свои дела ќе учествуваат Александар Зафировски, Бојан Ковски, Владимир Здравески, Ѓорги Динев, Давор Кешќец, Ива Станковски, Кристијан Јованоски, Марко Вујисиќ, Стефан Младеновски, Филип Цакоски, Ана Спасова, Ана Трајковска, Игор Таневски, Виктор Семенпеев и Зуљеха Зибери Али.