На 21 септември, во холандскиот град Утрехт ќе биде отворена изложбата „5х10“ со дела на петмина македонски фотографи: Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Роберт Атанасовски, Зденко Петровски и Стефан Рајхл. Оваа групна изложба, составена од 10 фотографии од секој автор, ќе прикаже повеќе од две децении фотографско творештво, фокусирано врз доловувањето моменти од музички фестивали и концерти во Македонија.
„Фотографиите претставуваат уникатен приказ на културната и музичката сцена во земјата, каде што емоциите, енергијата и атмосферата на настапите се доловени преку објективите на овие фотографи“, вели организаторот, здружението „Номад-Арт“ од Скопје.
Изложбата првично беше поставена на фестивалот за музички документарни филмови Скопје синема сити.