ИЗЛОЖБА ЗА ВИНИ ПУ ВО ЛОНДОНСКИОТ МУЗЕЈ „ВИКТОРИЈА И АЛБЕРТ“

Лондон, (Артдејли)

Оригиналните цртежи на мечето Вини Пу се изложени за првпат по речиси 40 години, во музејот „Викторија и Алберт“ во Лондон.

„Вини Пу: истражување на класиката“ е мултимедијална, разиграна изложба, која го истражува волшебниот свет на Вини Пу од романот на Александар Ален Милн, со илустрациите на Е. Х. Шепард и ги открива авторите, врските и инспирациите зад харизматичното мече, ѕвездата од најпопуларните детски книги на сите времиња.

Вини Пу: истражување на класиката“ е мултимедијална, разиграна изложба која го истражува волшебниот свет на Вини Пу од романот на А. А. Милн

Поставката содржи 230 дела од 1920 година до денес, со предмети од архивите на повеќе институции, како „Викторија и Алберт“ и компанијата „Волт Дизни“.

Изложени се оригинални илустрации, ракописи, рани изданија, писма, фотографии, цртани филмови, керамика и мода, кои ги претставуваат омилениот лик и неговите пријатели Кристофер Робин, Канга и Ру, Буф, Прасе, Зајак и Тигар. Исто така, постојат видео и аудио клипови, вклучувајќи ја и снимката од 1929 година, на која Милн чита извадоци од романот.