Во Националната галерија на Македонија Чифте амам е отворена изложбата „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“. Изложени се педесетина слики и скулптури, едни од најрано прибавените експонати за колекцијата. Од нив, голем дел биле претставени и во првата постојана поставка по формирањето на галеријата.
На изложбата се претставени дела од Сава Шумановиќ, Стеван Алексиќ, Петар Добровиќ, Матеј Стернен, Константин Данил, Никола Алексиќ, Стефан Тодоровиќ, Весна Соколиќ, Урош Предиќ, Паја Јовановиќ (фото), Матеј Јама, Надежда Петровиќ, Зора Петровиќ, Влахо Буковац, Крсто Хегедушиќ, Марко Мурат, Леон Коен, Целестин Медовиќ, Никола Граовац, Павел Ѓурковиќ, Владимир Филаковац, Љубо Бабиќ, Коста Хакман, Мирослав Краљевиќ, Коста Милиќевиќ, Стојан Аралица, Лазар Личеноски, Миливој Узелац, Антун Аугустинчиќ, Тома Росандиќ, Иван Мештровиќ, Франо Кршиниќ и Ристо Стијовиќ.