Кланот Кардашијан се прошири за уште еден женски член, само 20 дена откако Ким Кардашијан доби ќерка преку сурогат мајка.
По неколку месеци шпекулации дали е трудна, Кајли Џенер објави дека родила женско бебе.
Тоа е прво дете за 20-годишната манекенка и реалити-ѕвезда и нејзиното пет години постаро момче, раперот Тревис Скот.
„Бебето е прекрасно и здраво. Им се извинувам на фановите што ги држев неинформирани, но избрав да ја чувам бременоста подалеку од очите на светот. Ова е најубавото и најмоќно искуство, кое го менува животот“, напиша Џенер на Инстаграм, не откривајќи го името на ќеркичката.
Кајли Џенер е помладата полусестра на Ким, Кортни и Клое Кардашијан, кои имаат иста мајка, Крис Џенер.