ЌЕ ИМА И СЕДМА ПРЕТСТАВА НА ДЕТСКИОТ ФЕСТИВАЛ „ПОТОЧИЊА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Детскиот фестивал „Поточиња“ закажа седма претстава на своето 21. издание, што ќе се одржи на 13 април од 17 часот. Организаторите објавија дека се распродале сите шест претстави на 13 и 14 април од 11, 13 и од 19 часот.

„Се најавуваат нови детски хитови и голема забава, а со игра и песна низ фестивалската приказна децата ќе ги води актерот Мартин Јорданоски со маската на популарниот водител Поки“, најавува организаторот.

Билетите се во продажба преку продажната мрежа на „МК Тикетс“.