ЌЕ ПЕАМ СЀ ДОДЕКА ИМАМ ЗДИВ, ВЕЛИ ТОМ ЏОНС ЗА СВОЈОТ 80. РОДЕНДЕН

Лондон, (Би-Би-Си)

Сер Том Џонс вели дека ќе продолжи да пее сѐ додека има здив во неговото тело, како што денеска го слави 80. роденден.

„Не ми пречи што стареам, затоа што имам неверојатни сеќавања“, изјави велшката музичка легенда.

Џонс ја почнал музичката кариера со серија хитови во средина на 1960-ите, уживаше почит од Елвис Присли и Френк Синатра и низ децениите постојано одново се откриваше себеси, испробувајќи се во разни музички стилови, од поп и рок преку кантри, госпел, соул и блуз до електронска и денс музика.

„Господ беше добар со мене и на 80 години сѐ уште го имам мојот глас. Сѐ додека е тука нема да запрам. Им благодарам на сите кои ме поддржуваа. Не можеш да се изразиш соодветно ако ја нема публиката која те слуша. Да се пее во живо е вистинската работа“, вели Џонс.

И покрај тоа што живееше живот на плејбој, тој речиси шест децении остана во брак со Линда Тренчард, сѐ до нејзината смрт во 2016 година.