КЕЈТИ ПЕРИ И ОРЛАНДО БЛУМ СЕ СВРШИЈА НА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Кејти Пери и Орландо Блум се свршија на Денот на вљубените. Американската поп ѕвезда го навести ова на Инстаграм, објавувајќи фотографија на која покажува голем прстен на раката, додека до неа стои британскиот актер.

(Фото: Инстаграм)

Со црвени балони во форма на срциња во позадина, пејачката кусо прокоментира дека се во полн цут. Ѕвездата на „Пирати од Карибите“ и „Господар на прстените“ ја објави истата фотографија, додавајќи само „доживотно“.

Славната двојка раскина во 2017, но повторно се спои пред една година. Блум од 2010 до 2013 беше во брак со топ-моделот Миранда Кер, со која има осумгодишен син.