Кога малку се смири атмосферата по завршувањето на полуфиналниот натпревар на Светското првенство помеѓу Хрватска и Англија (2:1), на теренот на стадионот „Лужники“ во Москва истрча една сосема поинаква екипа во коцкести дресови.

Откако го прославија пласманот во финалето пред очите на целиот свет, хрватските репрезентативци ги собраа на терен своите најмлади и најдраги навивачи, веројатно и несвесни што направиле нивните татковци таа вечер.
Облечени во репрезентативни дресови, на тревникот се стрчаа малите верзии на Иван Перишиќ, Домагој Вида, Иван Стриниќ, Дејан Ловрен, Марцело Брозовиќ… и некои од нив, веројатно, ќе бидат наследници на играчите, кои в недела против Франција ќе се обидат да влезат во легендите како светски шампиони.

