КОНЦЕРТ НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ПИЈАНИСТ АНДРЕА ТУРИНИ И ПРЕТСТАВАТА „ФИРМА“ ВЕЧЕРВА НА СКОПСКО ЛЕТО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Со концерт и театарска претстава, вечерва (27 јуни) продолжува 45. издание на Скопско лето. Во Музејот на македонската борба од 19 часот концерт ќе има италијанскиот пијанист Андреа Турини.

 

Од 20 часот, во Драмски театар игра претставата „Фирма“, во режија на Нела Витошевиќ. Претставата е напишана според „Push up 1-3“ од Роланд Шимелфенинг. Драматург е Викторија Рангелова-Петровска, сценограф е Константин Трпеноски, а костимограф Розе Трајчевска-Ристоска,

Улогите ги играат Ирена Ристиќ, Ивана Павлаковиќ, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов и Стефан Вујисиќ.