КУЌАТА ОД ФИЛМОТ „САМ ДОМА“ СЕ ПРОДАДЕ ЗА 5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Њујорк, (Индипендент)

Куќата позната по тоа што Кевин Мекалистер (Меколи Калкин) беше оставен сам дома на Божиќ во филмот „Сам дома“ од 1990 се продаде за 5 милиони долари.

Куќата беше огласена за продажба во мај за 5,25 милиони долари. Куќата се наоѓа во Винетка, Илионоис и има пет спални соби и шест бањи.

По излегувањето на филмот од 1990 во режија на Крис Колумбус, куќата претрпе големо реновирање. Сегашните сопственици двојно го зголемиле просторот за живеење со додавање на голем стакленик и изградиле најсовремен кошаркарски терен.

Неодамна Калкин изјави дека на момент си помислил да ја купи куќата.

„На пола ум бев дали да ја купам, онака, за шега“, рече глумецот.