Утре, (6 април) во изложбениот салон и заедница на македонски дизајнери и занаетчии „Лаб дизајн маркет“ од 12 часот ќе започне промоцијата на нови дизајнери на накит, кои ќе се приклучат на досегашната понуда на современи дизајнерски и занаетчиски производи.
Покрај современиот филигран, ќе биде изложена облека од природни материјали со фокус на еколошко производство и заштита на животната средина, производи за домот од дрво, рачно изработени чевли и чанти.
„Лаб дизајн маркет“ е изложбен салон, кој се отвори неодамна во центарот „Лабораториум“ во Скопје, во индустриската хала на печатницата „Нова Македонија“. Маркетот како новитет за првпат ги поставува на исто рамниште занаетчиските и дизајнерските производи. Ќе бидат прикажани изработки на дваесетина учесници.