МАДОНА ГИ ПОДДРЖА СТУДЕНТСКИТЕ ПРОТЕСТИ ВО СРБИЈА

Белград, (Н1)

Поп-кралицата Мадона ги поддржа студентските протести во Србија, на кои им посвети стори на својот профил на Инстаграм.

Она што медиумите не ви го пренесуваат е дека моментално сведочиме на еден од најголемите студентски протести во оваа област од 1968 – во Србија“, напиша Мадона.

Споделувајќи снимка од дрон, Мадона кажа дека студентите ги затворија речиси сите универзитети во Србија и дека во тек се 24-часовни блокади.

На улиците на Србија се бараат системски промени и помалку корупција во владата. Професорите и учителите им се придружија на студентите на протестите и владата им се заканува дека ќе останат без работа. Ова е сериозен проблем. Мора да направиме оваа ситуација да стане вирална и да ги поддржиме студентите и луѓето во Србија“, вели Мадона, која ги проследи снимките од Србија со својот хит „Like a Prayer“.

Протестите во Србија траат веќе три месеци, од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 луѓе.

(Фото: Гети)