МАДОНА И ЕЛТОН ЏОН СЕ СМИРИЈА ПО ДВЕ ДЕЦЕНИИ КАВГА

Њујорк, (Би-Би-Си)

Мадона кажа дека се смирила со Елтон Џон, ставајќи крај на нивната дведецениска кавга. Џон со години ја обвинуваше Мадона дека пее на плејбек, на што нејзиниот тим во 2004 одговори дека таа не го троши своето време на оцрнување други уметници.

Двете музички легенди се смириле викендов, откако Мадона се соочила со Џон по неговиот настап на шоуто „Сабота навечер во живо“.

Првата работа што ми ја кажа беше ‘прости ми‘ и така падна ѕидот што стоеше меѓу нас. Низ годините ме болеше тоа што некој на кого толку многу му се восхитував јавно ме напаѓаше како уметник“, напиша Мадона на Инстаграм, откривајќи дека била фан на Џон уште од тинејџерските години.

Ова почна во 2004, кога Џон ја исмеа номинацијата на Мадона за најдобар настап во живо на наградите Кју.

Од кога плејбекот се смета за пеење во живо? Секој што пее на плејбек на концерт за кој плаќате 75 фунти треба да биде застрелан“, кажа Џон тогаш.

Од тимот на Мадона негираа дека таа пее на плејбек.

Откако се смирија, Мадона навести музичка соработка со Елтон Џон.

Ми кажа дека напишал песна за мене и сака да соработуваме“.

(Фото: Гети)