Камала Харис го прифати своето место во историјата откако за првпат излезе пред нацијата како првата жена која ќе ја извршува функцијата потпретседател на САД.
„Јас можеби сум првата жена на оваа позиција, но нема да бидам и последна, затоа што секое девојче кое вечерва го гледа ова знае дека ова е земја на можности“, кажа Камала Харис во својот победнички говор во Вилмингтон, Делавер.
Таа е дете на имигранти од Јамајка и Индија, кои се запознале додека студирале на Универзитетот Калифорнија во Беркли. И двајцата во тоа време биле активни во движењето за граѓански права.
„Кога мојата мајка дошла од Индија во САД на 19 години, таа можеби не замислувала токму ваков момент, но длабоко веруваше во Америка како место каде што вакви моменти се можни“, кажа Харис.
Камала е родена во 1964 и нејзиното име на санскритски значи лотосов свет. Само пет години подоцна, нејзините родители се развеле, по што таа и сестра ѝ Маја биле одгледани главно од мајка им Шјамала Гопалан, која подоцна стана угледен биомедицински научник.
Туласендрапурам денеска ја слави победата на Харис. Ова мало индиско село со 350 жители е родното место на бабата на Харис, чиј 80-годишен вујко, кој живее во Њу Делхи, изјави дека ќе патува за Вашингтон на инаугурацијата.