Младите македонскин танчари добија неколку награди на интернационалниот танцов натпревар „Стејџ 2024“ кој се одржуваше два дена во Националната опера и балет.
Студиото „Денс тим фјужн“ доби награда за најдобра кореографија, „Еурека“ за најдобра формација, „Бах“ за најдобри костими и концепт на кореографија, а „Балерина“ специјална награда.
Се натпреваруваа 2000 деца од различни возрасти, од 10 различни држави, од 36 танцови студија и балетски групи. Настапија танчари од Романија, Хрватска, Турција, Бугарија, Србија, Грција, Косово,Словенија, Унгарија и Македонија. Настанот траеше 13 часа, со настапи во различни танцови стилови, класичен и современ балет и акробатски и улични танци. Се одржа и Гала вечер со 14-те најдобри кореографии. Гранд при освои акробатската група „Тапија Денс Хаус“ од Софија, Бугарија. Организатор на настанот е Тамара Ѓурчиновска од балетското студио „Арт Балет“.