МЕЛБУРН ЗАБРАНИ ДА СЕ ИЗЈНАЈМУВААТ ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ ПОРАДИ БЕЗБЕДНОСТ

Австралија, (Си-Ен-Ен)

Австралискиот град Мелбурн целосно забрани изнајмување на електрични тротинети, наведувајќи ги како причина безбедносните грижи и стотиците поплаки и извештаи за сообраќајни несреќи.

Градскиот совет на Мелбурн гласаше за прекин на договорите со двата оператори на електрични тротинети, Лајм и Нејрон, и им даде 30 дена рок да ги отстранат.

Изнајмувањето на скутери во Мелбурн започна во 2022, кога владата на државата Викторија започна со двегодишна проба, нарекувајќи ги „пристапен, еколошки и рентабилен начин за патување“.

Според градскиот „извештај за возење“, во последниве години во Мелбурн биле направени просечно 6.800 возења со електрични тротинети.

Но, со популарноста на оваа релативно нова форма на транспорт дојдоа и зголемени несреќи и повреди.

Кралската болница во Мелбурн објави извештај во декември во 2023 во кој се наведени 256 повреди од електрични тротинети и го повика градот да ги подобри безбедносните мерки. Често достапни за изнајмување без лиценца, тротинетите можат да патуваат до максимална брзина од 25 километри на час.

И Париз, некогаш еден од најголемите градови за возење електрични тротинети во Европа, гласаше за забрана за изнајмување во 2023.

Копенхаген ги забрани во 2020, а потоа повторно ги воведе следната година, но со нови строги правила. Барселона делумно ги забрани за возење во историските делови на градот од 2016. Во Лондон, електричните тротинети во приватна сопственост остануваат нелегални за употреба на јавни патишта.

Во 2022 градските власти на Рим беа принудени да спроведат нови правила за да го намалат користењето на електричните тротинети, кога двајца Американци беа казнети со околу 800 долари за фрлање на изнајмени тротинети по Шпанските скали, предизвикувајќи штета од околу 26.000 долари на кревкиот мермер.

Поп- ѕвездата на К-поп Суга, кој е член на корејскиот бенд БТС, беше на насловните страници откако наводно бил фатен како вози електричен скутер додека бил под дејство на алкохол во Сеул. Пејачот рече дека е виновен и се извини.

 

Фото: Гети