МИЛА СРБИНОСКА ОСВОИ БРОНЗЕН МЕДАЛ НА ЕВРОПСКО ТАНЦОВО ПРВЕНСТВО ВО ПОЛСКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Мила Србиноска го освои третото место во јуниорска категорија на Европското првенство во хип-хоп во Жнин, Полска.

Таа и Магдалена Ѓоргијовска се македонски претставнички на танцовиот турнир на кој учествуваат околу 2.000 танчари. И двете се дел од студиото „Брејк а лег“. Србиноска го освои бронзениот медал во конкуренција на 48 натпреварувачи.

Србиноска го освои бронзениот медал во конкуренција на 48 натпреварувачи (Фото: приватна архива)

„Многу се радувам за освоеното трето место. Оваа победа ми значи многу, пред сѐ, затоа што ова е еден од најпрестрижните натпревари во хип-хоп, но и затоа што ја оправдав довербата од целата екипа на танцовото студио. Конкуренцијата беше многу силна и затоа овој успех ми значи уште повеќе. Се надевам дека до крајот на Европското првенство заедно со Магдалена ќе постигнеме уште поголеми успеси“, вели Србиноска.

Тие ќе се натпреваруваат и во наредните денови во неколку категории.