Танчари од Македонија, Полска, Србија, Бугарија, Грција, Унгарија, Албанија и БиХ изминатиов викенд играа на меѓународниот танцов натпревар „Дајмонд“ во Скопје.

Настапија над 1.500 танчари од 40 клубови. Се изиграа над 2.200 кореографии со класичен балет, модерен балет, латино и стандардни танци, акробатско танц шоу, хип-хоп, инклузивен и пара танц, диско и уличен танц и други категории.

Натпреварот траеше два дена, привлече многу публика, а најдобрите ги награди комисија од 24 меѓународни судии.