МНОГУ СМЕ СРЕЌНИ И СИТЕ СЕ ДОБРО, КАЖА НАДАЛ ОТКАКО СТАНА ТАТКО

Мадрид, (Си-Ен-Ен)

Рафаел Надал даде прва изјава по веста дека станал татко, па преку Твитер се заблагодари за сите пораки на поддршка и убави желби.

Триесет и шестгодишниот Надал и неговата сопруга Марија Франсиска Перељо минатата недела го добија синот Рафаел, кој ќе ги носи презимињата на двајцата родители.

Здраво на сите! По неколку дена и многу пораки на љубов, сакам да ви се заблагодарам на сите. Многу сме среќни и сите се добро“, напиша Надал.

Надал и Перељо се заедно уште од училишните денови. Тие ја почнале врската во 2005, истата година кога Надал на Ролан Гарос ја освои својата прва гренд слем титула, но медиумите дознаа за нив дури во 2008, кога беа снимени заедно на плажа на Мајорка. Се свршија во 2018, а се венчаа следната година.

(Фото: Гети)