„АББА“ ГО ОБЈАВИ ТРЕТИОТ СИНГЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПОВРАТНИЧКИОТ АЛБУМ

Стокхолм, (НМЕ)

„АББА“ ја сподели третата песна од повратничкиот албум „Voyage“, што ќе излезе на 5 ноември. „Just a Notion“ следува по песните „I Still Have Faith In You“ и „Don’t Shut Me Down“, со кои на 2 септември беше најавен првиот албум на групата по 40 години пауза.

Оваа песна била снимена уште во септември 1978, но на крајот не влегла на шестиот албум „Voulez-Vous“. Инструменталниот дел на новата верзија е ажуриран, додека вокалите се преземени од оригиналната снимка.

„Ова е апсурдно среќна песна. Се надевам дека ќе ве орасположи во овие мрачни времиња. Ова е добра песна со одлични вокали и за мене е мистерија зошто тогаш не влезе на албумот“, изјави Бјерн Улвеус.