АФРО-КУБАНСКИ КОНЦЕРТ НА НАЦИОНАЛНИОТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР НА 20 ФЕВРУАРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Афро-кубанска музика ќе свири Националниот џез оркестар на концертот кој ќе се одржи на 20 февруари од 20 часот во Филхармонијата. Концертот е насловен „Кубански оган“ (Cuban Fire) по албумот на американскиот пијанист, композитор и аранжер Стен Кентон.

„Репертоарот вбројува дел од најзначајните композиции на Кентон, вклучувајќи го и овој албум, вистинско биг-бенд ремек-дело, кое критиката го опишува како возбудлива и кинематографска фузија на кубанската и биг-бенд музика. Овој концерт ја спојува биг-бенд музиката со кубанските ритми и мелодии. Низ оваа автентична ‘латино свита’ ќе нѐ води нашиот долгогодишен пријател и соработник, диригентот Зиги Фајл од Австрија“, велат од Националниот џез оркестар.

 

Билетите се продаваат онлајн на Мк тикетс и на нивните продажни места.

 

Фото: К. Попов