АМЕРИКАНСКИОТ РАПЕР ЕГЗИБИТ ГЛАВНА ЅВЕЗДА НА ФЕСТИВАЛОТ „МКЦ ШИЗИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Американскиот рапер и актер Егзибит ќе биде главна ѕвезда на второто издание на фестивалот „МКЦ шизи“, што ќе се одржи вечерва, со почеток во 20.30 часот. Концертот на 45-годишниот Егзибит е дел од прославата на 15 години постоење на промотерската агенција „Sure Shotz“.

Егзибит важи за еден од највлијателните рапери од западниот брег на САД. Првиот албум го сними на 22 години, за потоа да почне соработка со Др. Дре. За период од десет години тој издаде шест албуми, но последните години беше поактивен како актер. Годинава направи камбек со првиот албум по пауза од седум години.

Покрај Егзибит, на настанот во Младински културен центар ќе настапат уште десет хип хоп имиња.