АНАСТЕЈЖА ВЕЧЕРВА НАСТАПУВА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Американската поп пејачка Анастејжа вечерва во 21 часот ќе настапи во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Скопскиот концерт, кој е во организација на „Прагма мјузик ентертејнмент“, е дел од нејзината светска турнеја „Еволуција“, насловена по албумот што го објави лани.

Четириесет и деветгодишната пејачка, продуцентка и поранешна танчарка се здоби со светска слава со песната „Завршив со љубовта“, за која ја доби наградата за најпродаван нов женски артист во светот во 2001 година. Следеа хитовите „Ги отплатив долговите“, „Еден ден во твојот живот“ и „Бум“, официјалната химна на Светското фудбалско првенство во 2002 година.

По паузата поради лекувањето од ракот на дојка, Анастејжа се врати во 2004 година со албум кој стана втор најпродаван во Европа. Во 2013 година, по вторпат ѝ беше дијагностициран рак, по што во октомври објави дека направила двојна мастектомија.

Влезниците по цена од 1.000 до 3.000 денари се достапни во продажната мрежа на „Купи карти за се“.