Поп ѕвездите Аријана Гранде и Џастин Бибер снимија дует за да соберат пари за децата на здравствените работници кои се наоѓаат на првата линија на глобалната борба со коронавирусот.
Дваесет и шестгодишните пејачи ја објавија песната „Stuck With U“, а во спотот се појавуваат и сопругата на Бибер, Хејли Болдвин, Кајли и Кендал Џенер, НБА-ѕвездата Стивен Кари и оскаровката Гвинет Полтроу.
Во спотот се вклучени и обични граѓани кои држат знаци со кои им се заблагодаруваат на медицинските лица, како и тинејџерки кои танцуваат во матурски фустани. Поради пандемијата, откажани се матурските прослави низ светот.
Приходот од песната ќе оди во фондација која обезбедува грантови и стипендии за деца на здравствени работници.