АРИЈАНА ГРАНДЕ СЕ ВРАЌА ВО МАНЧЕСТЕР ДВЕ ГОДИНИ ПО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД

Манчестер, (Би-Би-Си)

Две години откако нејзиниот концерт беше цел на терористички напад, поп пејачката Аријана Гранде планира налето да се врати во Манчестер со специјално шоу, во рамките на својата светска турнеја.

Лани во мај, 22 лица загинаа, а над 800 беа повредени кога бомбаш-самоубиец се разнесе додека фановите излегуваа од „Манчестер арена“ по концертот на Гранде. Неколку недели подоцна, таа се врати во градот, за добротворниот концерт „Љубов за Манчестер”.

„Се разбира дека доаѓаме и ве сакаме“, напиша поп ѕвездата на Инстаграм, чиј сингл моментално е број еден во Велика Британија.

Датумот и салата сѐ уште не се објавени, иако таа веќе ги потврди термините во август и септември 2019 за настапите во Лондон, Бирмингем и Глазгов.