БАЈАГА, ГОРАН БОЈЧЕСКИ И ДАМИР ИМЕРИ ГОСТИ НА КОНЦЕРТИТЕ НА ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Бајага, Горан Бојчески, Дамир Имери, Иван Кукиќ и Јан Стефановски ќе бидат гости на двата славенички концерта на Влатко Стефановски во Скопје, кои ќе се одржат на 9 и 10 мај во Филхармонијата. Легендарниот гитарист со овие концерти слави 50-годишен јубилеј.

Стефановски е долгогодишен соработник и пријател со српскиот кантавтор Момчило Бајагиќ-Бајага и имаат настапувано повеќепати низ регионот. Битолскиот кларинетист Горан Бојчевски, кој 24 години живее и работи во Љубљана, магистрираше на признатиот Универзитет Моцартеум во Салцбург со највисока оценка во класата. Дамир Имери е познат македонски мултиинструменталист кој има свиремо на преку 270 музички изданија.

Јан Стефановски, синот на Влатко, свири тапани во неговото трио, а Иван Кукиќ бас гитара.

„Размислувавме долго каде треба да се одржи скопскиот концерт и одлучивме дека Филхармонијата е сепак најсоодветен простор“, ни рече Стефановски.

Организатор на концертите е „Мјузик тајм“, а билетите се продаваат на karti.com.mk.