БЕСПЛАТЕН КОНЦЕРТ НА ОТВОРЕНО НА ХОРСКИТЕ СОЛИСТИ ОД ОПЕРАТА НА 2 ЈУЛИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Во вторник (2 јули) од 20.30 часот ќе се одржи концерт на хорските солисти на Националната опера и балет, на отворено, пред платото на Операта.
Концертот е насловен „Ѕвездено небо“, и е во рамките на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“
Ќе пеат солистите: Денис Димовски, Билјана Бајевска, Катерина Весковска, Марија Наумовска, Виктор Битовски,  Никола Чедомировски, Мила Николовска и Надежда Рубен во пијано придружба на Елена Сиљаноска. Влезот е слободен.