Били Ајлиш најави светска турнеја која ќе следи по излегувањето на нејзиниот трет студиски албум „Hit Me Hard And Soft“. Турнејата ќе почне наесен и ќе има 81 концерт на три континенти.
Двократната оскаровка ќе го одржи првиот концерт на 29 септември во Канада, во февруари следната година ќе дојде во Австралија, а во Европа ќе пристигне во април. Ајлиш нема да настапи во регионот, туку ќе може да се види во живо во Австрија, Италија и Полска, меѓу другите. Продажбата на билети почнува на 3 мај.
Новиот албум на Ајлиш излегува на 17 мај.
(Фото: Гети)