БРИТАНСКИОТ РОК БЕНД „ПЛАСИБО“ ЌЕ БИДЕ ГЛАВНА ЅВЕЗДА НА „СКОПЈЕ ГОРИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Британскиот рок бенд „Пласибо“ е најавен како главна ѕвезда на фестивалот „Скопје гори“, што ќе се одржи на 25 јули на стадионот на АРМ во Градски парк. Тоа ќе биде втор настап на „Пласибо“ во Македонија.

Групата е основана во 1994 година и во својата дискографија има седум албуми, од кои последниот излезе пред седум години. Носители на групата низ сите овие години се Брајан Молко, еден од најспецифичните вокали во современата рок музика и гитаристот/басист Стефан Олсдал.

Од „Авалон продукција“, кој е организатор на концертот, велат дека ова ќе биде единствен настап на „Пласибо“ во регионот и дека стадионот на АРМ максимално ќе може да прими 6.000 посетители.

Влезниците по цена од 1.500 (партер) и 1.990 денари (фан пит) утре ќе бидат пуштени продажба, а дополнително ќе биде објавено кој друг ќе настапи покрај „Пласибо“.