ЧЕШКОТО ТРИО „ХАЛИР“ СО КОНЦЕРТ НА ОХРИДСКО ЛЕТО

Охрид, (СМАРТ.СДК.МК)

На Охридско лето вечерва (31 јули) од 21 часот во „Св. Софија“ концерт ќе одржи триото „Халир“ од Чешка. Ова трио е оформено во 2016 со цел да се одржи споменот на ликот и делото на чешкиот виртуозен виолинист Карел Халир (1859-1909).

По неочекуваната смрт на водечкиот чешки пијанист Вацлав Маха во 2022, триото „Халир“ сега го сочинуваат Едуардо Гарсија Салас (шпански виолинист кој живее во Прага), словачката виолончелистка Јана Подолска и чешката пијанистка Барбора К. Сејакова. Сите членови се добитници на награди и признанија на меѓународни натпревари.