ДЕНЕСКА СВИРКА И ЖУРКА НА ПОКРИВОТ НА КУЛИТЕ „ЏЕВАХИР“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска со почеток во 18:45 часот, на покривот на комплексот „Џевахир скај сити“ ќе се одржат карантинска свирка и журка за жителите на Општина Аеродром. Ќе настапат Наде Талевска, Горан Наумовски, гудачкото трио „Тринити стрингс“ и диџеј Тодороф.

„Сите жители на Скопје од своите домови ќе можат да ги следат настапите преку Фејсбук страницата на Општина Аеродром. Ги повикуваме сите жители на Аеродром од своите балкони да се приклучат кон хепенингот“, велат од Општина Аеродром, која е организатор на настанот заедно со „Џевахир скај сити“.

Минатиот викенд за време на полицискиот час, Општина Карпош организираше журка на покривот на „Сити мол“, кога настапи диџеј Бабура Јуниор.