ЏИЈАН ЕМИН ЈА ОБНОВИ ГРУПАТА „ПРОЕКТ ЖЛУСТ“ ЗА ПРВ НАСТАП ПО 10 ГОДИНИ ПАУЗА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

По пауза од десет години, својот прв настап во живо вечерва ќе го има групата „Проект Жлуст“, една од поуникатните појави на македонската музичка сцена.

Во мултимедијалниот простор „Котур кафе и филм“ во Скопје (21:30 часот) ќе можат да се слушнат композиции на Џијан Емин и Иван Бејков, кои се спој на џез и на македонскиот и балканскиот фолклор.

Покрај Бејков (контрабас/бас гитара) и Емин (клавијатури), во групата се и Виктор Филиповски на тапани, Ратко Даутовски на перкусии и Иван Иванов на саксофон/кларинет, а специјален гостин ќе биде францускиот виолист Оливје Самуијан, кој беше дел од оригиналната постава.

Влезниците чинат 150 денари.