Вечерва од 20 часот, во Младински културен центар (МКЦ) ќе се одржи концертна промоција на албумот „Рефлексии“ од Дино Имери. Триесетгодишниот Имери веќе важи за еден од водечките и врвни пијанисти, кој често настапува со Филхармонијата и е гостин на странски реномирани куќи.
„Преку ова издание за ‘ПМГЏЕЗ’ сведочиме на неговата трансформација од фантастичен изведувач во извонредно потентен композитор. ‘Рефлексии’ е негово прво авторско дело, кое плени со своите кротка флуидност и паметна убавина“, најавува МКЦ.
Бројот на посетители е намален, а носењето маска е задолжително за време на целиот настан.