ЕЛЕНА ГОЛОМЕОВА ПРИСТИГНА ОД ФРАНЦИЈА ЗА ДА ГО ОТВОРИ МАКФЕСТ СО ОПЕРСКИ АРИИ

Штип, (СМАРТ СДК.МК)

Сопранот Елена Голомеова, која две децении живее и работи во Франција, испеа три оперски арии на некогашни победнички композиции на Макфест и на невообичаен начин синоќа го отвори 36, издание на фестивалот.

Постојано патувам на релацијата Франција-Македонија и секогаш со задоволство ги прифаќам поканите за гостување во Македонија, посебно во мојот роден град Штип. Во 2018 го отворив Штипското културно лето, а сега и Макфест. На овој фестивал првпат настапив како дете во 1995 година, на детскиот фестивал Весело штурче, кој тогаш беше во рамките на Макфест“, рече Голомеова.

На првата полуфинална вечер настапија 12 дебитанти и петте прворангирани обезбедија настап на главната вечер, која ќе содржи вкупно 18 композиции. Фестивалот има вкупен награден фонд од 11.000 евра, при што на победникот ќе му припаднат 5.000.

Т. ЈОВАНОВСКИ